ВЕТПРОМЕТ е основана во 1992 со главна дејност увоз и дистрибуција на ветеринарно-медицински препарати од реномирани компании. Главен приоритет во нашето работење е да обезбедиме лекови за оптимална заштита на здравјето на животните бидејќи врската меѓу животните и луѓето е нераскинлив дел од нашиот живот.

Посветени на константно унапредување на ветеринарната медицина преку пласирање на најновите и иновативни препарати на нашиот пазар.

Едукација и запознавање со нашите производи на сите професионалци во струката со цел постигнување најдобри можни резултати во нивната работа.

Секогаш сме достапни за стручни совети и нивна примена. Во нашата земја сме официјални увозници и дистрибутери за:

  • KRKA veterina – Р. Словенија
  • HIPRA – Р. Шпанија
  • NEWBORN ANIMAL CARE – Р. Франција